Што значи да купите половна кола од автоплац, а не од оглас
Разликата не е во цената, туку во тоа кој одговара за возилото. Половните коли на овој плац ги увезуваме сами, ги внесуваме на свое име и ги царинуваме пред да ги понудиме — значи возилото го имаме видено во Западна Европа, го имаме возено и знаеме што е работено на него. Кај приватен оглас, тоа што ќе го чуете за возилото зависи од тоа колку сопственикот сака да ви каже.
Второто е што возилото е тука. Дојдете на плацот во Охрид, стартувајте го, слушнете го и погледнете го одоздола ако сакате. Не праќаме возила непрегледани и никого не пуштаме да купи кола што не ја видел на лице место.






